„Секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност. Секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место. Секој вработен има право на соодветна заработувачка. Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор. Од овие права вработените не можат да се откажат.“ (Член 32 од Уставот на Република Македонија)
Колку убаво звучат овие ставови од највисокиот правен акт, кој ги уредува правата, слободите и должностите на граѓаните, нивниот однос кон државата, но и односот на државата кон нив.